Британскиот премиер Џонсон даде оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е јасна „желбата“ на неговата Конзервативна партија да има нов лидер и ја објави својата оставка, објави АП.

Џонсон рече дека ќе остане како британски премиер се додека не се избере неговиот наследник.

Критичарите велат дека не треба да му се дозволи да остане привремен премиер и треба да биде сменет од функцијата што е можно поскоро.

Соопштението дојде откако последниот етички скандал околу неговото раководство доведе до 50-тина високи пратеници да ја напуштат владата.

Џонсон се соочи со серија тешки прашања од пратениците за време на традиционалната сесија за прашања и одговори на премиерот во Парламентот во средата, еден ден откако министерот за финансии Риши Сунак и министерот за здравство Саџид Џавид неочекувано дадоа оставка.

Последниот скандал доаѓа само неколку недели откако Џонсон го преживеа гласањето за недоверба во неговата Конзервативна партија.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Агенцијата Франс прес и Ројтерс.