Ковачевски: Нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој во моментот се анализира во МНР

Your browser doesn’t support HTML5

Премиерот Ковачевски потврди дека е стигнат предлог од француското претседателство со ЕУ

Премиерот, на вечерашната прес-конференција, потврди дека е стигнат предлог од француското претседателство со ЕУ за надминување на спорот со Бугарија. Ковачевски, се воздржа од навлегување во детали за предлогот – кажа дека одлуката ќе се донесе по широките консултации со сите чинители.

„Официјалните ставови ќе бидат кажани откако ќе се извршат широки консултации со коалициските партнери, со претседателот, со опозицијата, со експертската јавност, невладините организации... Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме план и стратегија кои очигледно даваат резултати. Апелирам до сите политички чинители, и до медиумите, да се воздржат од шпекулации. Ќе бидеме транспарентни во процесот и одлуката ќе ја донесеме заеднички, во интерес на државата. Нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој во моментот се анализира во МНР. Во однос на историските барања – ние побаравме тие да не бидат во преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ“, изјави премиерот Ковачевски.

Порача дека забелешките што земјава ги имаше во однос на првиот „француски предлог“ се венесени во новиот документ што денеска стигна во Скопје.