Ова покачување ќе ги опфати 98,8 отсто од домаќинствата во државата. Поскапува и евтината струја. Воведувањето на тарифните блокови спречија покачувањето да биде 17 отсто, тврдат регулаторите.Кај 60 отсто од домаќинствата во зиме ќе има покачување од 6,6 отсто на сметките на струја додека лете за 6,6 отсто повоисоки сметки ќе добијат 77,2 отсто до домаќинствата во Македонија покажале пресметките на регулаторите.Кај 1 отсто од домаќинствата кои трошат најголемо количество на струја сметките ќе се зголемат двојно и зиме и лете. За фирмите се воведува ефтина струја.
СКОПЈЕ – Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е одлуката која ја донесе Регулаторната комисија а ја соопшти претседателот Марко Бислимовски. Поскапува и мрежарината и евтината струја, а новина е што за фирмите се воведува евтина тарифа. Регулаторите децидни, воведувањето на четирите тарифни блока спречи покачување на цената на струјата која би достигнала дури 17 отсто.
„Регулаторната комисија донесе одлука со која просечната цена се зголемува за 7,4 проценти и ќе опфати 98,8 отсто до домаќинствата. Доколку не постоеа овие блок тарифи кои ги воведовме неделава, просечната цена која ќе ја плаќаа сите домаќинства ќе се покачеше за 17 отсто“, кажа Бислимовски.
Гледано низ бројки киловатчас во високата (скапа)- тарифа досега чинеше 7,3 денари а отсега ќе чини 7,7 денари додека во ниската (евтина) тарифа киловатчас чинеше 3,67 денари а сега ќе чини 3,99 денари
По блок тарифи зголемувањето на цената на струјата изгледа вака:
Прв блок, до 210 киловат часови – 5,5 отсто
Втор блок, од 211 до 630 киловат часови – 10,3 отсто
Трет блок, од 631 до 1.050 киловат часови – 18,3 отсто
Четврти блок од 1.051 киловат час – 138,7 отсто.
Пресметките на регулаторите покажуваат дека сметките кои ќе ги плаќаат граѓаните ќе бидат различно во зима и во лето, но битно е да се напомене дека за овние домаќинства што трошат помалку струја во високата тарифа ќе има мало зголемување на сумата во сметките додека оние што трошат исклучително многу струја во четвртиот блок ќе плаќаат и до два и по пати повисока цена.
Во зима, 59,9 отсто од домаќинствата кои ќе се задржат во првиот тарифен блок ќе имаат покачување на сумите во сметките за 6,6 отсто. За 35 отсто од домаќинствата кои ќе бидат во ториот тарифен блок покачувањето на сметките ќе биде од 6,7 до 8,8 отсто. За 3,45 отсто од домаќинствата сметките ќе се зголема за 8,8 до 11,2 отсто а за 1,2 отсто од домаќинствата ќе има до 99,5 отсто.
Лете пак 77,2 отсто до домаќинствата ќе имаат покачување од 6,7 отсто, 21,8 отсто од домаќинствата ќе плаќаат меѓу 6,7 и 8,8 отсто повисоки сметки, 0,7 отсто од домаќинствата ќе плаќаат смети повисоки до 11,3 отсто а 0,2 отсто до домаќинствата во државата сметките ќе поскапат до 100 отсто, односно двојно.
Износот на сметките на струјата ќе зависи од количината на потрошена струја во тарифните блокови оддлелно на која се додава данокот 5 отсто како и мрежарината и уличното осветлување.
Она што мора да се нагласи е дека мрежарината поскапува за 5,5 отсто и ќе изнесува 3,32 денари а киловат час во евтината струја поскапува за 8,69 отсто и од сегашните 3,67 денари за киловат час ќе се каши на 3,99 денари за киловат час.
РКЕ во мај доби барање од сите енергетски компании за повиски цени. МЕПСО побара 72,2 % покачување а Регулаторната не одбри ниту еден процент, МЕМО побара 62,4 % а одобрени се 6,96% , Електродистирбуција побара 76,16% а одобрени се 20,94% ЕВН ХОУМ бараше одобрување на дополнителни трошоци од 35,8 милиони евра а одобрени се 14,3 милиони евра.
Новина е што за правните лица се воведува ефтина тарифа а цената на индустриската струја ќе чини половина од моменталната цена на слободниот пазар.