Советодавниот панел на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), препорача лицата на возраст од 65 години и постари да изберат вакцини против грип со поголеми дози или оние што вклучуваат состојка за зајакнување на имунолошкиот одговор.
ЦДЦ вообичаено ги усвојува препораките на советодавниот панел, но во минатото не ги советуваше постарите возрасни лица да добијат конкретна вакцина против грип.
Оттаму велат дека постарите луѓе се изложени на поголем ризик за посериозни болести од грип и имаат тенденција да имаат понизок имунолошки одговор.
Советодавниот панел рече дека и покрај препораките за вакви вакцини, доколку тие не се достапни, луѓето на возраст од 65 години и постари сепак треба да се вакцинираат со стандардна вакцина против грип.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес