Претседателот Бајден вчера потпиша продолжување на извршната наредба за национална вонредна состојба во однос на Западен Балкан

Претседателот на САД го продолжи важењето на извршната наредба што се однесува на Северна Македонија. Во документот се вели:

„На 26-ти јуни 2001-ва година, со извршна наредба 13219, претседателот прогласи национална вонредна состојба во однос на Западен Балкан во согласност со Законот за меѓународни итни економски овластувања (50 U.S.C. 1701) за да се справи со вонредната закана по националната безбедност и надворешната политика на САД конституирани од дејствија на лица вклучени или кои помагаат, спонзорираат или поддржуваат екстремистичко насилство во поранешна Република Македонија (денешна Република Северна Македонија) и на други места во регионот на Западен Балкан, или дејствија на попречувањето или спроведувањето на Дејтонскиот договор во БиХ, (Резолуцијата 1244) на Советот за безбедност на Обединетите нации од 10-ти јуни 1999-та година, на Косово. Претседателот потоа ја измени таа наредба во Извршна наредба 13304 од 28-ми мај 2003-та година, за преземање дополнителни чекори во однос на одредени дејствија кои го попречуваат спроведувањето, меѓу другото, на Охридскиот рамковен договор од 2001-ва година во врска со Македонија (сега Република Северна Македонија).

На 8-ми јуни 2021-ва година, ја потпишав Извршната наредба 14033, со која се прошири опсегот на националната вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219, изменета со утврдување дека ситуацијата на територијата на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), во последните две децении, вклучително и поткопувањето на повоените договори и институции по распадот на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како и широко распространетата корупција во различни влади и институции во Западен Балкан, го спречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, и со тоа претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Активностите на лицата кои ги загрозуваат напорите за мир и меѓународната стабилизација на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, и ситуацијата на Западен Балкан, која го спречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД. Поради оваа причина, националната вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219, според која беа преземени дополнителни чекори во Извршната наредба 13304, а која беше проширена во опсегот во Извршната наредба 14033, мора да продолжи да важи и по 26-ти јуни 2022-ра година. Затоа, во согласност со делот 202(г) од Законот за национални итни случаи (50 U.S.C. 1622(г)), продолжувам една година со националната вонредна состојба прогласена во Извршниот налог 13219 во однос на Западен Балкан.

Ова известување ќе биде објавено во Федералниот регистар и ќе се пренесе до Конгресот.“