Почна Самитот на Јужна и Северна Америка во Лос Анџелес

Според медиумите во САД, Самитот ќе продолжи до петок во Центарот за одржување конвенции во Лос Анџелес, при што Бајден е домаќин на мега-настанот чија цел е да се генерира консензус за критичните прашања со кои се соочуваат нациите.

Претседателот Бајден пристигна во Лос Анџелес попладнево каде Самитот на Јужна и Северна Америка ја започнува својата формална програма за дискусии меѓу лидерите од земјите од Западната хемисфера, кои се однесуваат на прашања за имиграцијата, климатски промени и Ковид-19, јавуваат американските медиуми.

Според медиумите во САД, Самитот ќе продолжи до петок во Центар за конвенции во Лос Анџелес, при што Бајден е домаќин на мега-настанот чија цел е да се генерира консензус за критичните прашања со кои се соочуваат нациите.

Настаните формално ќе започнат со министерски состанок на Групата, со кој претседава државниот секретар Антони Блинкен.

Бајден и првата дама Џил Бајден ќе бидат домаќини на инаугуративната церемонија на Самитот во среда попладне.

Висок претставник на администрацијата им рече на новинарите оваа недела дека Самитот „е можност да се здружиме како хемисфера за да се справиме и решиме некои од главните грижи на луѓето во регионот, вклучително и добивање и одржување на економскиот просперитет, климатските промени, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19“.

Пет формални документи ќе бидат потпишани за време на Самитот, „што го одразуваат амбициозниот консензус за сè, од поддршката кон граѓанското општество до промовирањето на дигиталната поврзаност“, рече виш претставник од администрацијата на САД. Се очекува Бајден официјално да го објави „Американско партнерство“ за време на самитот, обид за зајакнување на регионалните економии преку градење на договори за слободна трговија и решавање на „нееднаквоста и недостигот на економски можности и еднаквост“.

Исто така, за време на самитот, Бајден ќе објави повеќе од 300 милиони американски долари регионална помош за борба против климата со несигурноста за достава на храната, заедно со здравствени иницијативи насочени кон подготовка за идни пандемии и партнерство со заедницата на Карибите за решавање на климатските прашања.

Овогодинешниот Самит на државите од американскиот континент се одржува во Лос Анџелес, но лидерите на неколку клучни нации го бојкотираат бидејќи САД не ги поканија лидерите на Куба, Никарагва и Венецуела.

Заканите дека лидерите на Мексико, Гватемала, Хондурас и други нема да се појават, предизвикаа загриженост за американското раководство во нивниот регион.