Бајден разговараше со премиерката на Нов Зеланд за мерки за контрола на оружјето

(АП)- Претседателот на САД Џо Бајден денес се сретна со премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн во Белата куќа, и ѝ кажа дека сака да го искористи искуството на нејзината Влада во напорите да се справи со екстремизмот и насилството со оружје, по масовните убиства во Увалде, Тексас и Бафало, Њујорк.

Двајацата лидери разговараа и за трговијата, борбата против тероризмот и безбедноста во Индопацифичкиот регион.

Ардерн воведе успешни мерки за контрола на оружјето во нејзината држава по масовните убиства во џамии во 2019 година, вклучувајќи и забрана за полуавтоматско оружје, од кое загинаа повеќе од 51 лице.

Бајден, исто така, ѝ се заблагодари на Ардерн за „значителната поддршка на Нов Зеланд за Украина“.