Џо и Џил Бајден ќе им оддадат почит на жртвите од пукањето во Бафало

Американскиот претседател Џо Бајден треба да ги повика Американците „да не ѝ даваат простор на омразата“ и Конгресот да донесе контрола на оружјето додека тој и првата дама Џил Бајден отпатуваа денес да им оддадат почит на жртвите од масовното пукање во Бафало, Њујорк.

Бајден исто така ќе има и средби со семејствата на жртвите, органите на редот, брзата помош и локалните лидери.

„Претседателот го нарече овој одвратен чин како: тероризам мотивиран од омраза и перверзна идеологија која ја кине душата на нашата нација“, изјави официјален претставник на Белата куќа за новинарите.

Во планираното обраќање, функционерот рече дека Бајден, исто така, ќе го повика Конгресот „да преземе акција околу користењето на оружје во САД како и да го чува оружјето подалеку од рацете на криминалците и луѓето кои имаат сериозна ментална болест што ги прави опасни за себе или други“.

Властите соопштија дека 18-годишниот Пејтон Гендрон, белец, уби 10 луѓе и рани уште тројца во самопослуга во населба населена со претежно Афроамериканци. Единаесет од застреланите беа такви.

Нападот на Федералното истражно биро го истражува нападот како злосторство од омраза.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди пукањето, а неговиот портпарол во неделата рече дека Гутереш е „згрозен“ од „гнасниот чин на расистички насилен екстремизам во Бафало“.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес.