Бајден објави дека во САД се регистрирани еден милион смртни случаи од ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во САД се регистрирани еден милион вкупно смртни случаи од ковид-19.

Бајден во изјавата рече дека Конгресот треба да продолжи со финансирањето за тестирање, вакцини и третмани и рече дека нацијата „мора да остане будна“.

„За оние кои тагуваат и се прашуваат како ќе продолжат без саканите кои ги изгубиле, тој рече „Ја знам болката на таа црна дупка во вашето срце. Тоа е непопустливо. Но, исто така знам дека оние што ги сакаш, никогаш нема да ги снема. Тие секогаш ќе бидат со вас“.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, Соединетите Држави регистрирале околу 82 милиони вкупно случаи на ковид.

Новите случаи и хоспитализација се зголемуваат во последните недели, но бројот на смртни случаи остана релативно низок, околу 300 дневно, што е намалување за повеќе од 3.000 дневно во февруари оваа година.