Папата сака да се сретне со Путин, но досега не добил одговор

Папата Францис во интервју објавено денеска рече дека побарал средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин за да се обиде да ја запре војната во Украина, но не добил одговор.

Папата, исто така, изјави за италијанскиот дневен весник „Кориере Дела Сера“ дека патријархот Кирил од Руската православна црква, кој ја поддржа војната е недозволиво и против сите црковни правила.

Францис изјави за весникот дека околу три недели од војната, тој побарал од највисокиот дипломат на Ватикан да испрати порака до Путин за организирање состанок.

„Се уште не добивме одговор и се уште инсистираме“, рече папата.

Тој додаде: „Се плашам дека Путин не може, и не сака, да ја има оваа средба во овој момент. Но, не ми е јасно како не може да се престане со толку многу бруталност?“

Францис исто така рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му кажал дека Путин планира да стави крај на војната на 9-ти мај, кој Русија го слави како Ден на победата по повод предавањето на нацистичка Германија во 1945-та година.

85-годишниот понтиф претходно ја посети руската амбасада во Рим кога започна војната.

Во овој извештај се користени информации од Ројтерс и АФП