Претседателот на САД Џо Бајден денес организира прием во Белата куќа, за да го прослави Рамазан Бајрам. На Бајден ќе му се придружат првата дама Џил и Даг Емхоф, сопруг на потпретседателката Камала Харис.
„Традицијата на верска слобода за сите ја зајакнува нашата земја и ние ќе продолжиме да работиме со Американците од сите верувања и потекло за да ги заштитиме и продлабочиме нашата колективна посветеност на овој фундаментален принцип“, се вели во изјавата на претседателот и првата дама, во која се додава дека „оваа година ќе ја продолжиме традицијата да го славиме Бајрам во Белата куќа и да им оддадеме почит на инспиративните муслимански Американци кои ги водат напорите за градење поголемо разбирање и единство низ нашата нација“.
Минатогодишната прослава на Бајрам во Белата куќа се одржа виртуелно поради пандемијата коронавирусот.
Бајден, исто така, ги спомена „милиони раселени лица и бегалци во светот кои го поминуваат овој свет празник одвоени од своите семејства и несигурни нивната иднина“.