Повторно почнаа да се празнат продавниците во Пекинг поради нови случаи на ковид

ПЕКИНГ, (Ројтерс) - Жителите на Пекинг купуваат храна и други резерви додека најголемиот кварт во градот започна масовно тестирање на сите жители, предизвикувајќи стравувања од повторен целосен карантин во стилот на Шангај по десетици нови случаи на ковид-19 во главниот град во последните денови.

Властите во Чаојанг, дом на 3,45 милиони луѓе, доцна во неделата наредија жителите и оние што работат таму да бидат тестирани три пати оваа недела, бидејќи Пекинг предупреди дека вирусот „скришум“ се шири во градот околу една недела пред да биде откриен.

Купувачите во градот ги преполнија продавниците и онлајн платформите за да обезбедат лиснат зеленчук, свежо месо, инстант тестенини и ролни тоалетна хартија.

Во Шангај, каде што повеќето од неговите 25 милиони жители се затворени со недели, главното тесно грло за снабдување со храна е недостатокот на доволно курири за испорака до домовите, поттикнувајќи гнев кај жителите.

Во Пекинг, синџирите на супермаркети, рекоа дека имаат повеќе од двојно зголемени залихи, додека платформата за е-трговија е фокусирана на намирници за зголемување на залихите и бројот на вработени за сортирање и испорака.

Од петокот, Пекинг пријави нови 47 случаи.

Во понеделникот наутро, луѓето чекаа редици на импровизирани места за тестирање управувани од медицински работници во заштитни одела. Во рамките на кампањите за масовно тестирање во Кина.