САД го забрзаа приемот на Украинци преку границата со Мексико

САД нагло го зголемија бројот на Украинците на кои им е дозволен влез во државата на границата со Мексико, како што се` повеќе бегалци бегаат од руската инвазија, објави Асошиетед прес.

Во владиниот центар во пограничниот градот Тихуана вчера дојдоа уште околу 1.000 бегалци. Но, претставниците на Тихуана и волонтерите велат дека САД почнале да ги процесираат случаите многу побрзо.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден кажа дека би прифатиле до 100.000 Украинци. Тие најмногу ја користат рутата преку Мексико.

Состаноци во американските конзулати во Европа се ретки, а за раселувањето на бегалците е потребно време.