Лешеви со врзани раце, прострелни рани од огнено оружје истрелано од блиску и знаци од тортура врз убиени цивили се откриени во предградијата на Киев, што повеќе од еден месец беа под окупација на руските сили, пренесува дописничката мрежа од Украина на агенцијата „Асошиејтед прес“.
Сликите од убиени цивили почнаа да доаѓаат од Буча, што до неодамна беше под владение на руските трупи. Како што пренесува АП, откриени се тела на повеќе од 400 убиени цивили во предградијата на Киев.
Новинарите на „Асошиејтед прес“ самите сведочат за најмалку 21 мртво тело од цивили лоцирани на различни делови од Буча
Новинарите на „Асошиејтед прес“ самите сведочат за најмалку 21 мртво тело од цивили лоцирани на различни делови од Буча. За девет од убиените цивили се вели дека биле застрелани од мало растојание, а биле откриени на локација што руските сили ја користеле како привремена база. Најмалку двајца од застреланите биле со врзани раце.
Украинските официјални лица ја обвинија Русија за убиствата на цивилите во предградијата на Киев. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека сцените од Буча се доказ за извршен геноцид од страна на руските трупи.
Од друга страна, пак, Русија го негира убивањето цивили. Рускотo министерство за одбрана, ги отфрли обвинувањата со тврдење дека „видеата со убиени цивили се наместени од режимот во Киев за западните медиуми“.
По објавувањето на видеата и фотографиите од предградијата на Киев, европските лидери упатија остри осуди за убиствата на цивилите. Дел од нив побараа да се поведе меѓународна истрага и најавија дополнителни санкции кон Русија.
Предупредување: Видеото во продолжение е со вознемирувачка содржина
Your browser doesn’t support HTML5
(Извор: Асошиејтед прес)