Украина дава приоритет на суверенитетот во новите разговори со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „суверенитетот и територијалниот интегритет“ на неговата земја се приоритет додека Украина и Русија влегуваат во нова рунда мировни преговори.

„Бараме мир, навистина, без одлагање“, рече Зеленски во видео обраќање доцна во неделата. „Постои можност и потреба за средба лице в лице во Турција. Ова не е лошо. Да го видиме исходот”, рече тој.

Претходно во неделата, во разговорот со руските новинари, Зеленски рече дека Украина е отворена за усвојување неутрален статус како дел од мировниот договор, доколку тој дојде со гаранции од трета страна и биде ставена на референдум.

Ројтерс го цитираше помошникот на Зеленски кој вели дека Турција е меѓу земјите кои би можеле да бидат гарант за Украина околу безбедносните прашања.

Обединетите нации соопштија дека руската инвазија на Украина натерала 10 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а повеќе од 3,8 милиони ја напуштиле земјата.

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека немало „значителна промена во распоредот на руските сили во Украина“ во изминатиот ден и дека руските сили биле попречени од недостатокот на моментум и морал.

Јужниот град Мариупол е местото каде што Русија доби најмногу позиции, велат од Министерството, каде продолжуваат тешките борби „додека Русија се обидува се’ уште да го освои пристаништето.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во неделата истакна дека политиката на администрацијата на Бајден не е да бара соборување на рускиот претседател Владимир Путин.

Неговите коментари дојдоа еден ден откако претседателот Џо Бајден за време на говорот во Варшава рече дека Путин „не може да остане на власт“.

„Мислам дека претседателот, велат од Белата куќа, синоќа истакна дека, сосема едноставно претседателот Путин не може да биде овластен да води војна или да се вклучи во агресија против Украина или некој друг“, рече Блинкен во Ерусалим. „Како што знаете, и како што постојано кажуваме, немаме стратегија за промена на режимот во Русија или на кое било друго место“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за Ројтерс: „Не е на Бајден да одлучува. Претседателот на Русија го избираат Русите“.

Францускиот претседател Емануел Макрон за ТВ каналот Франс 3 во неделата изјави: „Не би користел ваков тип на формулации бидејќи продолжувам да разговарам со претседателот Путин“.

Претставникот на САД во НАТО Џулијан Смит изјави за „Состојбата на Унијата“ на Си-Ен-Ен дека коментарите на Бајден се реакција на поминувањето на денот со стотици украински бегалци.

„Во моментов, мислам дека тоа беше принципиелна човечка реакција на приказните што ги слушна тој ден“, рече Смит. „Но, не... дека САД немаат политика на промена на режимот во Русија. Точка."

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.