„АмЧам“ Коморите од Северна Македонија и Грција на заедничка средба во Скопје

Претставници на 30 комапнии од Северна Македонија и Грција денеска присуствуваа на првиот состанок меѓу Ам Чам коморите на двете држави. Зацврстување на соработката, ширење на бизнисите и отварање на нови ножности е клучот за успехот и стабилноста на Северна Македонија, Грција но и на целиот регион. Политичката стабилност и бизнисот одат рака под рака и затоа е клучно да се организраат трговските мисии, заклучија бизнисмените присутни на првата средба.





СКОПЈЕ – Можности за соработка и креирање на нови бизниси посоти и во период на криза, енергетска и политичка каква што е во моментов, сметаат триесетина преставниците на триесетина големи компании од Северна Македонија и Грција кои денеска одржаа средба во Скопје со посредство на „АмЧам“ коморите од двете држави.Во регионот е потребен економски просперитет а стабилноста и бизнисот секогаш одат рака под рака.

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, истакна дека неколку години работела на остварување на идејата за спојување на двете комори.

„Пред пет или шест години би било незамисливо да се одржи ваков настан. Но еве, тука сме денеска и разговараме како може да соработуваме, три држави посилни заедно, работат да креираат бизниси и можности за граѓаните на целиот регион. Не само за граѓаните на Грција и Северна Македонија, туку ширејќи се длабоко во Западниот Балкан и покажувајќи што можат да направат демократијата и слободниот пазар кога ќе се спојат и ќе почнат да соработуваат“, изјави амбасадорката Брнз.

За претседателот на Американско грчката стопанска комора, Николаос Бакатселос, со проширувањето на економската и бизнис соработката меѓу двете држави бенефит има целиот регион и Западниот Балкан.

„По неколку одложувања мислам дека успеавме. Тука сме да разговараме за можностите кои се добри за Северна Македонија и за Грција. Мислам дека преку заедничка соработка ќе има бенефит за регионот. Стабилниоста и бизнисот одат заедно и тука сме за тоа да го развиеме“, рече Бакатселос.

Трговската мисија која ја организираа двете „АмЧам“ Комори, е клучна за развој на економиите во Северна Македонија и во Грција.

„Навистина сме горди како Комора за оваа трговска мисија. „АмЧам“ во Северна Македонија постои 22 години. Ова е прва трговска мисија од ваков вид каде што колегите од „АмЧам“ Грција и грчки компании се во посета на нашата земја, со цел да градиме мостови и пријателства за да ги подобриме нашите економии. Можам да кажам дека ова секако не е последна трговска мисија а двете „АмЧам“ комори продолжуваат со интензиваната соработка“, изјави Драган Давитков, претседател на „АмЧам“ Северна Македонија.

Минатата недела два од четири диверсификација на нашите енергенси и учествои во проектот „Александропулос“во Грција

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, потенцираше дека економијата е стабилна и покрај воениот судир во Украина, а во овој период на криза сепак има можности за нови инвестиции и соработка.

„Владата е тука да го трасира патот, а не да ги носи на грб стопанствениците. А тие самите ќе си го најдат патот до успехот и до заемната соработка што треба да ја направат. Во овој момент важно е да се види кои се можностите и како заедно како регионални актери ќе можеме да ја пребродиме кризата што се случи заради конфликтот меѓу Украина и Русија“, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека со потпишувањето на два од четирите договори за приклучување на државата кон проектот „Александропулос“ ќе се направи диверзификација на енергенсите и Северна Македонија повеќе нема да биде енергетски зависна само од Русија како единствен извор на природен гас.