Британскиот регулатор ја укина лиценцата на руската телевизија РТ

Регулаторот Офком во изјавата рече дека смета оти носителот на лиценцата не е „соодветен да поседува дозвола за емитување во Обединетото Кралство“.

Британскиот регулатор за комуникации ја укина лиценцата на телевизијата РТ, поддржана од Русија, среде истрагите за нејзиното покривање на војната во Украина, објави Асошиетед прес.

Регулаторот Офком во изјавата рече дека смета оти носителот на лиценцата не е „соодветен да поседува дозвола за емитување во Обединетото Кралство“.

Офком вели дека денешната одлука била донесена по 29 тековни истраги за непристрасноста на вестите на РТ и покривање на тековните работи за руската инвазија на Украина.