Мора да се спротивставиме на секој обид за негирање на вистината за Холокаустот, вели Пендаровски

Во март 1943 година 7.144 македонски Евреи бea депортирани во Треблинка, еден од логорите на смртта. Повеќе не се вратија.

79 години подоцна Северна Македонија им оддава почит повторувајќи ја пораката „Да се сеќаваме, за никогаш да не заборавиме, за никогаш да не се повтори.

„Тешко е да се замисли, а уште потешко е да се опише монструозноста на Холокаустот. Ели Визел признава дека една од најголемите пречки при пишувањето на неговите лични сведоштва за Аушвиц бил самиот јазик. Тој вели дека зборовите глад, жед, страв, транспорт, селекција и оган тогаш значеле нешто друго. И заклучува дека „една рака пепел тежи повеќе од сите приказни за тоа проколнато место. Но, мора да се сеќаваме и поради нешто друго. Историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите и поранливите. Тука не зборувам само за антисемитизмот, туку и за сите други форми на омраза кон различните што се шират низ социјалните мрежи и медиуми насекаде во светот. Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за Холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас“,вели Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Пораката што беше пратена доаѓа во период кога Европа повторно се соочува со уште една војна, бројни жртви, милиони бегалци...

„Денеска застануваме за да се сеќаваме и оддадеме почит на повеќе од 7.000 Евреи од Северна Македонија кои загинаа во нацистичкиот логор на смртта во Треблинка. Не е тајна дека се денес се соочуваме со тешки времиња во светот. Пред на се предизвици и тешкотии, но јас верувам во нашата колективна сила и одлучност како партнери“, вели Кејт Брнз, амбасадорка на САД.

Од околу 24.000 македонски жртви во Втората светска војна речиси една третина биле Евреи - 7.144 мажи, жени и деца депортирани во Треблинка претставувале 98% од вкупната Еврејска заедница во земјата.

Your browser doesn’t support HTML5

79 години од депортацијата на македонски Евреи во Треблинка