По четири години затвор за креаторот и администраторот на скандалозната група „Јавна Соба“

Видео запис со сексуална злоупотреба на дете не постаро од пет години во траење од една минута и дваесет секунди најден меѓу илјадиници слики и видео записии во скандалозната група „Јавна Соба“ беше доволен доказ за креаторот и модераторот на групата на „Телеграм“ да добијат по четири години затворска казна за „ Произвосдство и дистрибуција на детска порнографија“

СКОПЈЕ – Четири години затвор е казната која судот им ја изрече на креаторот и администраротот на озлогласената група „Јавна Соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се споделуваа илјадици фотографии и видео записи со експлицитна содржина од недолжни жртви. Креаторот Дарко Костовски и администраторот Михаил Пановски беа обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија бидејќи дозволиле во групата да биде постиран видео запис со секусално злоставување на дете не постаро од пет години.

Според судијката Билјана Коцевска, двајцата биле должни да се грижат за содржината на сликите видео и аудио записите кои се постираат во групата а тие тоа не го сториле и со умисла дозволиле да биде достапна содржина со очигледни полови дејства со дете.

„Дозволиле и овозможиле да се направи достапна содржина на аудио и виудео материјал во кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Судот обвинетитѕе ги осудува на казна од четири години затвор основано очекувајќи дека со овие изречени казни ќе се постигнат целиуте на казнувањето во смислол воспитно да се влијае тие и другите да не вршат вакви кривични дела “, рече Коцевска

Образложувајќи ја пресудата, судијката Коцевска наведе дека во телефоните на обвинетите се најдени докази дека побарале помош од сервисната поддршка на апликацијата „Телеграм“ за бришење на групата, но и дека знаеле за видео записот бидејќи разменувале пораки околу возраста на жртвата.

Во телефонот на Костовски биле најдени над 102 илјади слики и видео записи кои биле посделувани во „Јавна Соба“ а кај модераторот Пановски 17 илјади.

Адвокатите на обвинетите најавија жалба на пресудата и истакнаа дека очекувале ослободителни пресуди.

„Судот донесе пресуда и ја пресуди најниската можна казна. Сепак ние очекувавме ослободителна пресуда и од тие причини кога ќе ја добиеме пресудата ќе вложиме жалба. Очекувам дека Апелацискиот суд ќе ја укине“, изјави Петро Јанура, адвокат на Дарко Костовски

До правосилност на пресудата двајцата остануваат во куќен притвор а одземени им се патните исправи и личните карти.

Неколку месеци по затварањето на оваа група, на „Телеграм“ се појави нова - „Јавна Соба 2“која за кусо време беше затворена но која исто така имаше илјадници членови и илјадици фотографии и видео записи од недолжни жртви. Во Јавното обвинителство предистрата за овој случај е блокирана бидејќи од апликацијата „Телеграм“ одбиваат да ги предадат податоците преку кои би се утврдил идентитетот на креаторите, администраторите и членовите на групата.

„Основното јавно обвинителство преку МВР на 27.01.2021 година се обрати до „Телеграм“, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од социјалната мрежа „Телеграм“ не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни со цел да се утврди идентитетот и Обвинителството да може кривично-правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група. Јавното обвинителство ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош за да ги побара неопходните податоци но не доби одговор“, соопштија од Обвинителството.

Скандалот со „Јавна Соба“ иницираше низа протести во кои се бараше измени на Кривичниот законик и воведување на далеку посторги казни.