Паднаа светските берзи, цената на нафтата највисока во последните седум години

Акциите на светските берзи паднаа денес како што предупредувањата за можна руска инвазија на Украина во секое време доведоа до зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните седум години, го потиснаа еврото и ги натераа инвеститорите да се вратат на државните обврзници, објави Ројтерс.

САД вечра изјавија дека Русија може да создаде изненадувачки изговор за напад, и го потврдија ветувањето дека ќе го бранат „секој сантиметар“ од територијата на НАТО.

Европските берзи паднаа за 2,6 проценти, додека Никеи падна за 2,2 отсто.

Цените на нафтата дополнително се искачија на највисоко ниво во последните седум години поради загриженоста дека можната инвазија на Украина ќе предизвика американски и европски санкции и ќе го наруши извозот од големите земји производители на нафта.

Пазарите се во грч откако алармантно високо ниво на инфлацијата во САД предизвика шпекулации дека Федералните резерви може да ги подигнат стапките за цели 50 базични поени во март.