Сојот омикрон го поткопува растот на американската економија; зголемена бројка невработени

US labor market

Барањата за надоместок за невработени бележи значителен скок минатата недела и го стигна нивото од октомври 2021-ва, при што сугерира дека повеќе работници ќе бидат отпуштени во време кога омикрон варијантата се шири и се одразува врз бизнис операциите.

Одделот за труд објави дека 286.000 невработени поднесе апликации за бенефиции за помош, што е зголемување од 55.000 од пред една недела. Тоа ја надмина рекордната бројка од 256.000 од средината на март 2020-та, кога коронавирусот се рашири со голема брзина во САД и бизнисите почнаа да отпуштаат стотици илјадници работници.

Изминатите недели, САД јавија за рекордни 750.000 нови случаи на ден, најмногу поради новиот сој омикрон. Во некои сектори, тоа предизвика хаос ширум најголемата економија во светот.

Работодавците ги задржуваат вработените и бараат нови работници, во време кога САД продолжува со рапидна економска обнова од пандемијата со коронавурусот. Стапката на невработеност во нацијата падна на 3,9% во декември, што не е толку далеку од пет децениското најниско ниво од 3,5%, пред почетокот на пандемијата.

Многу бизниси и натаму бараат работници, и покрај 6,9 милиони кои и натаму се невработени во САД.

Иако на крајот од ноември имаше 10,4 милиони новоотворени работни места во САД, обученоста на работниците не соодветствува со барањата на работодавците.