Филипче: Нема нови рестриктивни мерки, затварање на границите нема да го спречи сојот „Омикрон“

Министерот ја оцени епидемилошката состојба како прилично стабилна и додаде дека анализите покажуваа дека двонеделната инциденца се намалила за 14 отсто а минатата недела имало 5 отсто помалку нови случаи споредено со неделата претходно

СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести на утринскиот редовен состанок одлучи да не препорача дополнителни рестриктивни мерки како евентуална заштита од продорот на сојот „Омикорн“ детектиран минатата недела во Јужна Африка. Здравствените експерти се на ставот дека затварањето на границите и карантин за патниците нема да даде заштита.

„Разговаравме со колегите за новиот сој. Гледаме дека некои земји превземаат некакви форма на рестрикции.Ние остануваме со нашите мерки, сеуште нема доволни информации за сојот „Омикрон“. Очигледно е дека е детектиран во некои европски земји, досега видовме дека кога ќе се појави нов сој не може да се спречи да се појави на друга територија. Соевите се појавуваат и ќе се појавуваат и натаму. Сѐ уште нема доволно познати информации, иако, Светската здравствена организација (СЗО) укажува на тоа дека е полесно пренослив. Сепак директорот на Американскиот институт за здравство смета дека и за тоа нема доволно информации, и дека се тука некаде по степенот на преносливост со „Делта сојот“. Остануваме на вие мерки, добро се димензионирани и ќе ја следиме ситуацијата“, изјави Филипче по состанокот на Комисијата.

Министерот ја оцени епидемилошката состојба како прилично стабилна и додаде дека анализите покажуваа дека двонеделната инциденца се намалила за 14 отсто а минатата недела имало 5 отсто помалку нови случаи споредено со неделата претходно.

„ Тоа се чувствува во болниците каде има поголем број на слободни кревети вклучтечлно и на Инфективната Клиникакаде долго време немаше слободени кревети но сега има“, рече Филипче.

На утрешната седница на Владата ќе се разгледува новата мерка, стимулација на матичните лекари за вакцинација на пациентите, откако Владата не ја прифати мерката за задолѓителна вакцинација на здравствените работници и препорака за имунизација на јавниот и приватниот сектор. Вадата побара од Комисијата дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки.

„Имаше добар одзив меѓу матичните лекари, имаме анализа на 1.500 матични лекари колку пациенти се прикрепени. Ние ќе разговараме за сите предложени мерки вклучително и задолжителна вакцинација за јавна администрација,.Ги направивме сите студии кои Владата ги побара дополнително. Во Словенија, Хрватска и Грција оваа мерка не донесе значајно зголемување на бројот на вакцинирани“, објасни министерот Филипче.

Инаку СЗО, во последното соопштение, нагласи дека сè уште не е јасно дали Омикрон е попренослив во споредба со другите варијанти, вклучително и Делта.

„Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата. Во моментов нема информации кои сугерираат дека симптомите поврзани со Омикрон се различни од оние од другите варијанти“, стои во соопштението на СЗО.

Првата препорака до земјите-членки на таа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, наведувајќи дека наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.