НАСА го одложува враќањето на Месечината најрано до 2025 година ​

Your browser doesn’t support HTML5

НАСА го одложува враќањето на астронаутите на Месечината најрано до 2025 година, со што ќе го пробие крајниот рок поставен од администрацијата на Доналд Трамп.
Вселенската агенција се стремеше кон 2024 година за првото слетување на месечината од астронаути по половина век.

НАСА соопшти дека Конгресот не обезбедил доволно пари за да развие систем за слетување за програмата Артемида и дека се потребни повеќе пари за капсулата Орион.

Последното слетување на астронаути на месечината се случи за време на Аполо 17 во 1972 година.

Севкупно, 12 луѓе биле на површината на Месечината.