33 илјади луѓе го истрчаа маратонот во Њујорк

Your browser doesn’t support HTML5

33 илјади луѓе во неделата го истрчаа маратонот во Њујорк кој се одржа по пауза од една година поради пандемијата.

Атлетичарот од Кенија, Алберт Корис е освојувачот на првото место со време од 02:08:22.

Во женска конкуренција прва беше олимписката шампионка Перез Џепчирчир со време од 2:22:39.