СКОПЈЕ -Стабилна Влада предводена од ВМРО - ДПМНЕ или брзи предверемени избори. Ова се двете опции кои престатојат откако вчера вечер се формираше новото парламентарно мнозиство со напуштањето на БЕСА на владината коалиција.
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека оставува на двете опции кои што ги најаву вчера и дека ја чека писмената оставка на премиерот Заев во Собрание. Доколку тоа не се случи до понеделник, тогаш ќе достават барање за гласање на доверба на Владата, а спиекрот Џафери има рок од три дена да ја закаѓе седницата.
„На овој документ стојат потписите од 61 пrатеник. Тоа значи дека имаме мнозинство и дека ќе изгласаме недоверба на Владата“, речи Мицкоски.
Тој најави дека ќе се обиде да формира Влада, но услов е да биде стабилна за да може да се справи со сите предизвици како што е ковид пандемијата енергетската и полицитичката криза. Доколку тоа не се случи тогаш најави дека ќе оди на брзи предвремени парламентарни избори и техничка Влада од 100 дена која ќе биде предводена од ВМРО - ДПМНЕ соп оглед дека го имаат мнозиството во Парламентот за кое очекува да се зголеми.
„Тоа значи дека во периодот што следи ќе се обидам, повторувам, ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколу бидам сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и проблемите кои следат. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам потполна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба приотив корупцијата и криминалот, кои се клучниот проблем во нашата држава, тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот на Македонија да одлучи за новата иднина“, рече Мицкоски на прес конференцијата во седиштето на ВМРО - ДПМНЕ.
Опозицискиот идер обвини дека се прават жестоки притисоци врз праетниците кои се потпишаа за гласање на недовербата на Владата.
Новото парламентарно мнозинство го сочинуваат партиите ВМРО - ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива, Левица и БЕСА. Од Левица соопштија дека тие нема да бидат дел од Владата на ВМРО - ДПМНЕ, но ќе гласаат за „уривање на хибридриот режим на СДСМ и ДУИ“.
Од СДСМ се огласија преку соопштение во кое го обвинија Мицкоски и неговата партија дека ги интересира само власта и дека немаат никаква платформа за работа. Тие ги повикаа пратениците да застанат во „обрана на европската иднина“.
„Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на страната на граѓаните, на страна на националниот интерес и напредокот на државата. Ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, стои во соопштението од СДСМ.
Лидерот на ДУИ пак, Али Ахмети, соопшти дека е во контакт со САД, НАТО и ЕУ, откако премиерот Заев најави оставка а Мицкоски соопшти дека има мнозиство.
„Состојбата што се создаде со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни, со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија“, објави Ахмети на својот фејсбук профил.