СКОПЈЕ - Министерството за здравство денеска објави анализа на податоците за зболени хоспитализирани и починати во периодот од 6 август до 30 септември според која 85 отсто од регистрираните жртви не биле вакцинирани.
Во овој период како последица на компликации предизвикани од коронавирусот починале 1.162 лица од кои 987 пациенти не биле вакцинирани а 175 пациенти, или 15 отсто,ги примиле двете дози вакцина. Задрсветвните власти тврдат дека анализата покажале дека починатите имале повеќе хронични комбинирани заболувања.
Кога станува збор за новозаболени, регистрирани се 35.531 случај. Од нив 27.298 граѓани или 77 отсто не биле вакцинирани а8.233 лица или 23 отсто биле целосно вакцинирани со две дози.
„ Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, инофрмираат од здравство.
Инаку, пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање во државата,а меѓу регистрираните случаи има и граѓани кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“.
„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, апелираат од здравство.
Вчера аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани додека 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 30 септември вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани.
Според официјалните податоци 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.