Фајзер вели дека нејзината вакцина против ковид е безбедна и ефикасна за деца од 5 до 11 години.
Компанијата рече дека испитувањата покажале дека вакцината е безбедна, добро толерирана и покажала силна реакција на неутрализирачки антитела на пониски дози неопходни кај помалите деца.
Фајзер вели дека планира наскоро да побара одобрение за употреба на вакцини за помладата возрасна група.
Бајден го бранеше својот неодамнешен повик до компаниите со 100 или повеќе работници да им наложат вакцини на нивните работници или да бараат неделно тестирање, и задолжителни вакцинирања за околу 2,5 милиони работници во федералната влада, без опција за тестирање.
Во Британија, кампањата за вакцинација против ковид за деца на возраст од 12 до 15 години започнува во понеделник во училиштата низ целата земја.
Во меѓувреме, некои приватни болници во Калкута, подготвувајќи се за можен наплив на случаи кај деца со ковид, ги подобрија своите капацитети и обезбедија дополнителна обука за нивните здравствени работници.
Новата студија објавена од САД од Центрите за контрола и превенција на болести открија дека приближно 1 од 3 лица кои биле тестирани позитивни на ковид, сепак пријавиле симптоми два месеци подоцна.
Студијата, направена во Лонг Бич, Калифорнија, покажа дека една третина од оние кои биле позитивни, пријавиле барем еден симптом на болеста предизвикана од коронавирус четири или повеќе недели по тестирањето.
Од Центрите за контрола и превенција на болести објавија дека стапките биле уште повисоки кај жените, афроамериканците, постарите од 40 години и оние со претходна историја на болести.
За студијата, Одделот за здравство и човечки услуги во Лонг Бич разговараше со 366 луѓе, на возраст од 18 години и постари, избрани по случаен избор од две тест групи, откако добија позитивен тест за ковид помеѓу 1-ви април и 10-ти декември 2020-та година.
Ресурсниот центар за коронавирус Џонс Хопкинс има регистрирано повеќе од 228 милиони случаи на ковид на глобално ниво и 4,7 милиони смртни случаи. Речиси шест милијарди вакцини се администрирани, според центарот.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.