Цел септември во Мичиген ќе се слави македонската култура

Претставничкиот дом на сојузната држава Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство.

Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло.

Согласно резолуцијата, македонската заедница преку својата работна етика, традиции и богато наследство влијаела да го унапреди животот во оваа сојузна држава.

Претставничкиот дом ги повика сите жители на Мичиген со соодветни активности и програми да ја прослават македонската култура.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го поздрави усвојувањето на резолуцијата, нагласувајќи дека Македонците оставиле посебен печат во историјата на Мичиген низ генерациите.