Струга во боја

Your browser doesn’t support HTML5

Водите на реката Црни Дрим во Струга се осветлени во најразлични бои откако беа поставени триста светилки од двете страни на градскиот кеј во вкупна должина од 1.800 метри
Водите на реката Црни Дрим во Струга се осветлени во најразлични бои откако беа поставени триста светилки од двете страни на градскиот кеј во вкупна должина од 1.800 метри.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека осветлувањето нема да ја уништи флората и фауната, а реката ќе изгледа како аквариум.

Сепак, дел од еколошките здруженија предупредија дека вештачкото осветлување ќе го наруши дневниот циклус на живиот свет.

Автор: Мики Трајковски