Владата го повлече Законот за легализација на дивоградбите

Законот повторно ќе го изготвува минисетрството за транспорт и врски но овој пат ќе биде вклучена и експертската јавност. Легализација во заштитените подрачја и националните нема да има како и на објектите од „Скопје 2014“ За добар закон потребен е инвентар на дивоградбите и спосокот мора да јавен

Недоследностите во Законт за легализација на дивоиградбите и можноста за амнестија на криминалот на урбаната мафија и на општинските и државните инспекторати беше пресуден Владата да попушти и на денешната седница да донесе одлука со која се повлекува од собраниска процедура.

Премниерот Заев е цврсто на ставот дека Законот во формата во која што беше предложенимаше социјална намена за ранливите категории на граѓани и за легализација на државната инфраструктура и споменици на култура. Во новиот предлог закон стриктно ќе биде забранета легализација на објекти во националните паркови и заштитени подрачја. Легализација на обејктите од проектот „Скопје 2014“ нема да има.

„Владата го овласти министерот за транспорт и врски да отвори јавна дебата со граѓанските организации и парламентарните групи и сите тие укажувања да бидат вградени.Во самиот закон се најдени решенијата на оние граѓани коишто се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат домови и објекти коишто ги имаат Недовербата во институцијата да даде позитивно или негативно мислење за градење или легализирање во заштитени подрачја и национални паркови ја слушнавме од граѓаните и затоа имаме намера да ја прифатиме сугестијата за строга забрана“, рече премиерот Заев.

Тој повтори дека легализација на згради нема да има а законот е повеќе од потребен за да се легализира државната инфраструктура.


„Во самиот закон се отстранети колективните згради.. Имаме огромен број објекти коишто не се упишани, почнувајќи од водоводи, канализации, локални патишта, споменици на културата, објекти од областа на енергетиката, социјалната и здравствената заштита, градинки, училишта, болници“, додаде премиерот.

Она што е клучно, инвентар на довоградби општините немаат капацитет да го направат.

„Ќе донесеме закон којшто ќе биде уште порестриктивен. Јас не сум сигурен дека општините имаат капацитети да прават регистри на социјално загрозени граѓани и дивоградби кои ќе траат со години и месеци “, рече министерот Бочварски.

Експертската јавност очекува да се изготви сосема нов прилагодлив закон кој ќе се грижи за јавниот интерес. Јавниот простор мора да биде приоритет во новиот закон бидејќи не смее да се уништи и мора да има систематизација и инвентаризација на дивоградбитепред воопшто да се почне со изготвувањето на новиот закон. Легализација во заштитените зони и националните паркови не смее да има а казната која барателот на легализацијата ќе треба да ја плати не може и не смее да биде за 50 отсто повисока бидејќи не станува збор за објекти со иста вредност.

„Треба да се направи опширна анализа и систематизација на објектите кои ќе се оценат како бесправно изградени. Да се направи точна методологија по категорија, по типологија и секако по број. Така систематизирани да бидат изнесени на јавно достапна листа – регистар на дивоградби и потоа со една точна стратегија поткрепена со стручна мисла од сите чинител, правниси архитекти, инженери, да се пријде кон изготвување на новиот закон. Претходниот закон се стави во кош, без методологија, беше популистички и како политички памфлет и требаше да задоволи нечии барања и интереси “, изјави Мишко Ралев од Асоцијацијата на архитекти

Претставници на Асоцијацијата на архитекти добиле повик од министерството за транспорт и врски да учествува во креирањето на новиот закон за легализација но и на Законто за градење.

Во новиот закон се предвидени двојно повисоки давачки кон државата за легализација на дивоградбите што не е доволно за екпсретската јавност бидејќи станува збор за илјадиници објекти со различна вредност кои не може и не смее да бидат во иста категорија.

Аргументирани забелешки за законот имаше многу. Пред се дека се легализира криминал како од урбаната мафија така и од општинските и државните институции кои не постапувале и толерирале изградба на дивоградби. Дупките во предложениот закон предвидуваа легализација на хациенди и викендички во национални паркови, куќи вредни стотици илјади евра како и можноста едно лице да поднесе барање за легализација на неколку објекти што беше дијаметрално спротивно со тезите на Владата дека е социјален закон неменет пред се за ранливите категории на граѓани и решавањето на нивниот проблем со домувањето.