Соединетите Држави со рекорден трговски дефицит

Американскиот трговски дефицит достигна месечен рекорд од 74.4 милијарди долари во март, зголемената економија ја поттикна набавката на странски стоки.

Дефицитот во март е за 5.6% повисок од оној во февруари кој достигна 70.5 милијарди долари, соопшти Одделот за трговија.

Трговскиот дефицит, разликата меѓу вкупниот извоз и вкупниот увоз, е постојан фактор во американската економија и покрај апелите на политичарите, вклучително и на претседателот Џо Бајден да се купуваат американски производи.

Во март увозот пораснал за 6.3% на 274.5 милијарди додека извозот се зголемил за 6.6% на 200 милијарди долари.

Како и вообичаено, најголем е дефицитот со Кина кој изнесувал 27.7 милијарди долари и бил зголемен за 11.6%.

Минатата година американскиот трговски дефицит порасна за 17.7% и достигна 679 милијарди долари, најголема сума од 2008-та година, откако корона вирусот ја наруши глобалната трговија.

Поранешниот претседател Доналд Трамп се обиде да го намали трговскиот дефицит преку увозни такси. Американскиот трговски дефицит благо се намали во 2019-та, но нагло порасна во 2020-та кога пандемијата го наруши извозот.