Американскиот претседател Џо Бајден денес во Белата куќа им се придружи на лидерите на деловните и синдикалните организации во промовирањето на економските придобивки од решавањето на глобалното затоплување, на последниот ден од дводневниот виртуелен самит за климатски промени.
„Кога инвестираме во климата и инфраструктура, создаваме можности за секого“, рече Бајден.
Забелешките на Бајден на седницата за „економските можности на климатските активности“ се случија еден ден откако тој објави нова цел за намалување на загадувањето штетни гасови за 50 до 52 проценти до 2030-та година.
Посветеноста на Бајден е најамбициозната климатска цел на САД досега, скоро двојно повеќе отколку што администрацијата на Обама вети дека ќе ги исполни во Парискиот климатски договор.
Белата куќа побара од лидерите на деловните и синдикалните организации во промовирањето на планот на Бајден за намалување на зависноста на американската економија од фосилни горива со инвестирање трилиони долари во чиста енергетска технологија, истражување и инфраструктура, истовремено спасувајќи ја планетата.
Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг изјави „Не можеме да ги победиме климатските промени без нови инвестиции“, додавајќи „Мораме да сториме повеќе и побрзо да ги намалиме емисиите“.
Дводневниот самит е дел од напорите на Бајден да го врати лидерството на САД по ова прашање откако неговиот претходник Доналд Трамп ги повлече САД од законски обврзувачкиот Париски договор за климатски промени во 2017-та година. Бајден ја смени одлуката набргу по стапувањето на должноста.
Светските лидери се согласија да го ограничат глобалното затоплување на под 2 степени Целзиусови од климатскиот договор во Париз во 2015-та година.
Просечно во текот на целиот свет, температурите се зголемија повеќе од 1,1 степен Целзиусови од 1980-та година. Научниците го поврзуваат зголемувањето со посериозни топлотни бранови, суши, пожари, бури и други влијанија.