СКОПЈЕ - Полициски час од 20 часот навечер до 5 часот наутро и затворени угостителски објекти, спортски сали и фитнес центри. Постоечките рестирктивни мерки ќе останат на сила најмалку уште една недела. Ова е одлуката што утрово ја донесе Комисијата за заразни болести која веќе помина кај Главениот координативен кризен штаб и утре ќе се најде на дневен ред на седницата на Влада. Очекувано, повеќе од извесно е дека предлогот на Комисијата ќе биде прифатен.
Актуелните мерки се на сила од 7 април.
На денешниoт состанок анализата покажала дека бројките на хоспитализации и нови случаи се во благ пад но од друга страна нивото на трансмисија на вирусот сеуште е високо пред се поради брiтанскиот сој на Ковид-19 кој е детектиран кај најголем број од новозаболените во анализираниот период.
Здравствените власти, во неколку наврати досега, најавија дека одлуката за евентуалното продложување на мерките ќе зависи од бројките на новозаболени и пред се на хоспитализирани.
Од Главниот координативен штаб соопштија дека доколку продолжи падот на бројките постои мжност да се ублажат рестриктивните мерки што би значело дека од 27 април до 15 мај би се отвориле угистителските објекти но би работеле само летните тераси а полицискиот час би почнувал еден час подоцна од 21 часот. не се исклучува можноста да се дозволи и тренинзи на отворено бидејќи спортските сали и фитнес центрите би останале под клуч.
Министерот Филипче, утрово имаше состанок со директорите на Ковид центрите и клиниките на кој се анализирале бројките на хоспитализации во текот на викендов.
„Направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, соопшти Филипче преку социјалната мрежа „Фејсбук“
Болниците и Ковид центрите сеуште се полни и под силен притисок. Најголем дел од пациентите имаат тешка клиничка слика и се кислородна поддршка.
Според последните официјални информации од министерството за здравство вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 1.687 лица.
Попладнево се очекува да пристигне првата пратка на вакциниод производителот „Фајзер“. Станува збор за 10 илјади дози а веќе наредниот понеделник се очекуваат дополнителни 10 илјади дози.
Како што веќе е најавено на 28 април треба да пристигне досега најголемата количина на вакцини во Северна Македонија – 200 илјади дози од кинескиот производител „Синфарм“ со што ќе се овозможи стабилен и непречен процес на вакцинација на населението.
Во моментов се вакцинираат само граѓаните над 73 години со хронични болести кои изразиле желба да бидат вакицнирани. Минатата недела заврши вакцинирањето на службениците од критичната државна инфраструктура и медиумите.
Досега се вакцинирани 39 илјади граѓани но во оваа бројка не се вклучени македонските дражвјани кои се вакцинираа во соседна Србија и за чии податоците сеуште се чека од српски власти.
Наредниот понеделник, Комисијата повторно ќе има состанок на кој во зависност од бројките ќе одлучи дали ќе ги продложи или ублажи рестирктивните мерки за време на Велигденските празници.