СКОПЈЕ - Епидемијата на коронавирусот во Северна Македонија продолжува со несмален интензитет и темпо. Во последните 24 часа регистрирани се 1.272 новозаболени а 33 пациенти ја загубија битката со вирусот, меѓу кои најмладиот е 34 годишен скопјанец. Направени се 3.948 тестирања од кои 32,2 отсто се позитивни.
Според официјалните податоци на министертсвото за здравство активни се 18.370 случаи а досега починаа 3.749 пациенти а само во текот на овој месец бројката е над 570 лица.
Најголем број на активни случаи има во Скопје - 9.329, што е половина до вкупнот број. Критично е во Прилеп, Куманово, Велес, Кавадарци, Битола и Охрид каде бројките се движат од 600 до илјада активни случаи.
Здравствениот систем е отповарен до максимум, а надлежните се обидуваат да обезбедат кревет повеќе пренаменувајќи ги одделенијата за пациенти заболени од Ковид -19. Во моментов има рекордни 1.577 хоспитализирани пациенти во Ковид центрите и на оддееленијата во болниците во Скопје и во градовите од внатрешноста. Според здравствените власти капацитетите располагаат со околу 260 слободни кревети.
Во последното деноноќие само во скопските ковид-центри на болничко лекување се примени 74 пациенти, со што бројот се зголеми на 666 пациенти. Во останатите градови се лекуваат 912 лица. Голем дел од пациентите имаат тешка клиичка слика и се на кислородна поддршка
Критично е во Куманово каде речиси и да нема слободен кревет како и во Кочани и Штип каде во девет болници и во модуларата има само девет слободни кревети.
Она што исто така загрижува е што над 70 отсто од пациентите се со тешка слика а огромен е бројот кои се приклучени на кирлородна поддрка и респиратори што е дополнителен притисок врз и онака изморените и истрошени медицински тимови кои веќе една година секојдневно се борат за секој човечки живот во болниците.
Од здравство соопштија дека доколку има потреба може да се обезбедат дополнители стотина кревети за пациенти заболени од Ковид-19.
„Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни“, е заклучокот на состанокот на министерот Филипче со директорите на Ковид центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести др. Жарко Караџовски.
Состанокот на Комисијата кој беше закажан за утринава се одложи за утре а според најавите нема да има заострување на рестриктивните мерки и ќе се остане на посточекиот полициски час и работно време на угостителите.
„Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополните рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран“, информираат од здравство.
А утре почнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години со хронични болести со вакцините на „Астра Зенека“. Планот на надлежните е да се вакцинираат 20 илајди граѓани од оваа возрасна група. Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во поликиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“ а во другите градови во државата ќе биде во здравствените домови. Матичните лекари веќе ги известуваат своите пациенти кои спагаат во оваа категорија за нивните термини за вакцинација.
Според официјалните информации за периодот од утре до 10 април ќе има 9.577 термини за граѓаните а досега преку матичните лекари закажани се 5.976 термини за вакцинација.
„Вакцинацијата ќе се одвива, на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против Ковид 19“, информираат од здравство.
Според последните информации четири илјади вакцини „Астра Зенека“ , кои беа испорачани преку Ковакс системот се резервирани вработени во критичната државна инфраструктура односно за полицајци, припадници на АРМ, новинари, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во јсп, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.