Бајден постави нова цел - 200 милиони дози од вакцините во првите 100 дена од неговиот мандат

(Вашингтон, АП) Претседателот Џо Бајден се заложи дека ќе бидат дистрибуирани 200 милиони дози на вакцината против Ковид-19 во првите 100 дена откако е на функцијата. Тоа е двојно повеќе од целта која ја постави во декември и која беше достигната претходно месецов, на 58-от ден откако дојде на власт.

„Ја остваривме таа цел 42 дена порано од планираното. Сега, денеска, поставувам нова цел а тоа е до 100-от од мандатот да имаме дистрибуирани 200 милиони дози. 200 милиони дози во првите 100 дена. Знам дека е амбициозно, двојно повеќе од оригиналната цел, но ниту една друга земја во светот не стигна ниту близу до она што ние го правиме. Верувам дека може да го направиме“ изјави претседателот Џо Бајден на првата прес конференција откако стапи на функцијата.

„Денеска правиме историска инвестиција да стигнеме до најпогодените и најранливите заедниците, заедниците од највисок ризик со тоа што инвестираме дополни 10 милијарди долари“ додаде претседателот на САД.

Иако Бајден секој ден ги брифира новинарите преку неговата портпаролка и одговараше на прашањата на други начини, тој е првиот претседател во последните четири децении кои олку долго од почетокот на мандатот не одржал формална сесија со прашања од новинарите.

Бајден, меѓу другото, одговараше и на прашања од надворешната и од домашнта политичка сцена - за состојбата на американско – мексиканската граница каде има голем наплив на мигранти, како и за ракетните тестови на Северна Кореја.