СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести, како што беше најавено, по утринскиот состанок и препорача на Владата да ги продолжи рестриктивните мерки за нови 14 дена а Владата пак неколку часа подоцна го прифати предлогот и донесе одлука со која полицискиот час останува на сила до 6 април. Времетраењето останува исто, од 22 часот навечер до 5 часот наутро. Од Владата без најави за дополнителни рестриктивни мерки.
„Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април“,стои во официјалното соопштение на владината прес служба.
Сепак министерот за здравство Венко Филипче, викендов не ја исклучи можноста но дполнителни рестрикции. Тоа би значело продолжување на времетрањето на полицискиот час и скратување на работното време на угостителите. Дали ќе има дополнителни рестрикции ќе зависи од анализата на бројките нма заболени и хсопитализирани која ќе ја разгледуваат во Комисијата оваа недела.
На денешната седница на Главниот координативен кризен штаб учествуваше и престедателот Стево Пендаровски кој побарал од надлежните институции да ја следат состојбата.
„Ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа за тековните активности, за преземените мерки и за ефектите од нивната имплементација.Претседателот Пендаровски посочи дека сите надлежни институции треба да продолжат со максимална посветеност и координирано да ја следат епидемиолошката состојба и доколу има потреба да се разгледаат можностите за надополнување на мерките“, информираат од престедателскиот Кабинет.
Нов црн рекорд - во последното деноноќие битката со вирусот ја загубија 30 пациенти, најмногу од почетокот на годинава. Регистрирани 457 новозаболени а направени се 1.682 тестирања од кои 27 отсто се позитивни.
Од почетокот на епидемијата починаа 3.503 лица а во моментов активни се 14.851 случај од кој само во Скопје има 7.604 заболени.
Болниците продолжуваат да се полнат со пациенти со тешка клиничка слика. Само во Скопје во последното деноноќие се хоспитализирани нови 54 пациенти. Според последните официјални информации вкупно се хоспитализирани 1.315 пациенти а на располагање се уште околу 340 слободни кревети. На сите клиники во Скопје функционираат Ковид одделенија а за да се обезбеди дополнителен број на кревети од денеска е испразнета детската болница во Козле каде отсега ќе се лекуваат возрасни пациенти позитивни на коронавирусот а веќе заболените деца се префрлени во специјално одделение на детската клиника.
Полицискиот час стапи на сила на 10 март бидејќи надлежните сметаа дека младите се групиртаат на отворен простор но и во домови по завршувањето со работа на угостителските објекти.