СКОПЈЕ -За екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков,попладнево е распишана меѓународна потерница што значи дека во потргата се вклучува и Интерпол. МВР и 24 часа откако го загубија визуелниот контакт и не успеаа да му го врачат решението за куќен притвор без официјална информација како се случил пропусот и кој е одговорен.
Полицијата сега бара одговори од неговот семејство и неговото обезбедување кои попладнево беа повикани на распит во полициската станица „Кисела Вода“. Таму дојдоа неговиот брат Влатко Михајлов, кој набрзо замина од спореден излез, и двајцата синови како и еден од неговите бранители. Распитот сеуште трае.
Од Обвинителството се огласија со соопштение во кое стои дека тие во петокот кога беше одржано рочиште во судот каде беа дадени завршни зборовинемале информации дека се подготвувабегство. Првите индиции ги добиле во саботата а вчера двајцата обвинители кои го водат предметот „Тврдина - таргет“, Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов,каде Мијалков е првообвинет а се однесува на масовното нелегално прислушување на граѓани, новинари, политичари и бизнисмени дошле во судот со барање за притвор во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. СПоред обвинителството, МВР тврдено дека има визулене контак со Мијалков и дека не е во бегство.
„Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков Министерството за внатрешни работи ги сподели со обвинителството на 20.02.2021 година (сабота) во 23:00 часот. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определена мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. Решението од страна на обвинителството е примено во 18:45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министерството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган“, соопштија од Обвинителството.
Кој е кртот кој му дојавил на Мијалков допрва ќе се утврдува а од Обвинителството најавуваат дека тој ќе се гони за помагање.
„Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија.“, велат од Обвинителството.
Она што е познато е дека Мијалков последен пат е виден вчера во кафе барот „Дисктрикт“ кој е дел од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје чиј сопственик е токму тој. Во кафулето бил со екс градоначалникот Ивица Коневски и нешто пред 15 часот го наушта локалот и тргна кон неговиот дом кај комплексот „Панорама“ на Водно. Оттогаш му се губи секаков траг.
Нешто по 19 часот полциијата тропа на неговата врата за да му го врачи решението за куќен притвор со 24-часовен електронски и видео надзор. Мијалков не е во својата куќа. Почниуваат претреси на уште две локации, во хотелот „Мериот“ и во стан во населбата Капиштец но без успех.
Бегството на Мијалков предизвика бурни реакции во јавноста која бара одговорност а тоа е и ставот на премиерот Заев и претседателот Пендаровски.
Во петок, во скопскиот Кривичен суд,ќе се соопшти пресудата за случајот „Таргет-тврдина“