Над три милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Калифорнија

Во Калифорнија има драматично зголемување на бројот на нови случаи кои ги доведоа здравствените системи до работ на колапс.

Kалифорнија стана првата американска сојузна држава која надмина три милиони потврдени случаи на корона вирус.

Според Универзитетот Џонс Хоипкинс, оваа сојузна држава која има 40 милиони жители во вторникот достигна 3.015.644 случаи, од кои 33.724 се починати.

Според агенцијата АП на Калифорнија и биле потребни 292 дена за од првиот потврден случај на 25-ти јануари да стигне до 1 милион заболени на 11-ти ноември. До Бадник веќе беа регистрирани 2 милиони случаи, време од само 44 дена. 3 милиони беа достигнати за помалку од 30 дена.

Во Калифорнија има драматично зголемување на бројот на нови случаи кои ги доведоа здравствените системи до работ на колапс.

Во исто време кога беше достигнат овој негативен рекорд, масовната вакцинација во оваа сојузна држава наиде на проблеми. Епидемиолозите во неделата препорачаа да престане користењето на една пратка од вакцините на Модерна откако некои од луѓето кои ја примиле побарале лекарска помош поради можни сериозни алергиски реакции.