СКОПЈЕ – Клуч на врата во 18 часот за рестораните, кафулињата и кафеаните, забрана за собири на отворено и прослави на Новата година на градските плоштади, забрани за групирање и прослави на верски празници. Ова сеновиот сет рестриктивни мерки кои утрово ги донесе Комисијата за заразни болести и кои ќе ги достави до Владата. Сетот рестирктивни мерки треба да стапи на сила во петок на 18 декември и да трае до 21 јануари а целта на затргнувањето на мерки, спортед Комисијата е да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.
„Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препорако кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти“,изјави д-р Венко Филипче министер за здравство.
Препораката, која беше очекувана во јавноста, е проширена и со прослави по станови и куќи, а бројката на гости и протоколите дополнително ќе бидат доставени од Комисијата кога станува збор за приватните објекти. Меѓутоа веќе може да се сретнат голем број на огласи каде млади лица бараат станови и куќи за изнајмување, како во градовите така и во туристичките места во Македонија и ски центрите.
Од Комисијата апелираат до локалните власти да ги засилат контролите и надзорот на мерките кои се на сила но и на тие од новиот сет како што е забраната за прослави на Новата година на градските плоштади. Усто така се бара и од фирмите да се воздржат од организирање на интерни прослави.
Во периодот кој следи има голем бројна верски празници и слави па од Комисијата препорачуваат тие да се откажат и да не се одржуваат поради ризикот од ширење на епидемијата.
„Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски“, стои во официјалната информација од министерството за здравство.
Со новиот сет на рестриктивни мерки се опфатиени и хотлеите од кои се бара да ги затворат своите ресторани во 21 часот.
„Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за престојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба“, изјави Филипче.
На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора (НУК) кои доставија свој пакет на барања кои не беа прифатени.
„Ние денеска само бевме информирани дека се планира угостителските објекти да работат до 18 часот. Ниту еден од нашите барања не беше разгледано и решението за намалување на работното време беше донесено предвреме и овој состанок со Комисијата беше фарса. Од наша страна беше напоменето дека ниеден објекти кои ги почитува мерките не е извор на ширење на заразата. Прашавме дали има доказ дека се проширила заразата во некој угостителски објект, ни беше укажано дека такви резултати нема “, изјави Здравко Јосифовски претседател на НУК.
Инаку од НУК бараа за Нова година сите угостителски објекти да работат до 1 часот. Угостителите не се задоволни со новиот сет на рестриктивни мерки, но најавија дека ќе ги почитуваат и дека ќе бараат економска помош од Владата.
„Ќе ги испочитуваме мерките, но Владата треба да размисли на кој начин ќе ги надомести штетите од овие лимитирања на работата. Субвенциите претходно беа доделени и угостителите се нафатија да ги преземат обврските врз основ на постојните протоколи кои важеа. Со новите мерки се прашуваме, обврската која што е пренесена на корисниците на таа субвенција дека мора да исплаќаат плати во јануари и февруари, врз основ на што и на кој начин ќе ги остварат тие можности да можат ги исплатат платите, кога и сега не остваруваат доволно приходи. Владата мора да донесе мерки и препораки и субвенции, за дополнително да помогне“, додаде Јосифовски.
Препораките на Комисијата ќе се најдат на дневниот ред на утррешната седница на Владата која ќе одлучи дали и кои ќе бидат профатени.