Влада: Бугарија направи неодговорна геостратешка грешка

Опозицијата со жестоки критики до Владата и премиерот Заев, бара обединување за смена на власта. Владините функционери оптимисти и покрај разочарувачките вести од Брисел

СКОПЈЕ - Од пораки со поддршка и барања за мудрост и истрајност до барања за обедување и отварање на фронт против Владата и прмиерот Заев и негова оставка. Очекуваното вето од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ ја разгоре дебатата во Северна Македонија околу начинот на кој се водеше надворешната политика, особено со Бугарија, до следните чекори кои треба да се превземат.

Од Владата соопштија дека ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка бидејќимакедонската иднина е европска. Идентитетот и јазикот не се и нема да идат предмет на преговори, а Северна Македонијаима резултати и капацитети, потврдени со мартовското „зелено светло“ за страт на преговорите.

„Македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори. Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет. Тие доаѓаат од минатото, а во исто време се столбови на нашата европска иднина. За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија како членка на ЕУ. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. Неодобрувањето на преговарачката рамка е на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија“, стои во официјалното соопштение на Владата.

Оттаму додаваат дека ветото нема да влијае врз процесот на реформи и дека ќе се засили темпото со што ќе се потврди дека Северна Македонија ги исполнува сите услови за страт на преговорите.

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ пак со жестоки критики до Владата и премиерот Заев но не и до Бугарија. Побараа обедиунување за уривање на Заев и со тоа запитрање на „погубните политики“. За најголемата опозициска партија, народот кој протестирал на улиците е причината поради која сега е зачуван идентитетот.

„Крајната цел е пораз на Зоран Заев и ослободување на Македонија. Затоа ја користам оваа прилика да ве потсетам дека само кога ќе биде поразен Зоран Заев ќе престани да губи Македонија, а за тоа ни треба обединување. Ве повикувам сите заедно да се обединиме без разлика дали сме политички определени или политички неопределени, леви, десни, либерални, или конзервативни, да се обединиме за да може Македонија да продолжи да победува. Важно е во овој момент да застанеме на патот на неправдата, затоа ни е потребно обединување, да престане трговијата со идентитетот, да престане трговијата со посебноста, историјата, обичаите, традицијата“, кажа лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во неговот видео обраќање до јавноста.

Мицкоски повика да се престане со тргувањето со правата на македонското малцинство во Бугарија и во другите соседни држави.

Владините функционери отпимисти и покрај денешното вето. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека сепак постои теоретска можност да се отвори прашањето за проширувањето.

„Го разбирам гневот, и јас имам гнев. Сакав денеска да имаме пробив. Не смееме со таа логика ограничено да влеземе во процес на постигнување на нашата стратешка цел. Замисете да се откажевме од членството во НАТО. Денеска немаше да бидеме членка на алијансата. Замислете во октомври да се откажевме затоа што Франција бараше реформа на ЕУ. Не, се најде нова методологија. Почнавме во март, добивме одлука. Исто ќе се случи и сега. Мора да имаме доверба во целта што ја имаме, таа е фиксна и константна. Ве убедувам дека ќе стигнеме до крајната цел, членка на Унијата“, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи

За Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров бугарската блокада е голем удар за европската политика кон Балканот.

„Треба да ја избегнеме замката, да не паднеме во очај и да влеземе во некакво ново чекање. За да не стане ова наш пораз, мора да го искористиме ова време да работиме. Има добра воља кај многу земји-членки и овие денови контактирам со многу од моите колеги од ЕУ.Правиме план како да ги вклучиме во нашата реформска домашна агенда. Не дигаме раце од пристапниот процес. Нашите позиции се на кристално чисти принципи - право на самоопределување“, изјави вицепремиерот Никола Димитров.

Специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски, утре заминува во Софија, во прва официјална посета на Бугарија а во четврток ќе има средба со бугарскиот претседател Румен Радев.