Пендаровски: Брисел да го третира Балканот како дел кој припаѓа во ЕУ

Your browser doesn’t support HTML5

Шефот на државата го повика Брисел западниот Балкан да го третира како европско соседство, туку како регион кој припаѓа и кој ќе стане дел од ЕУ. Пендаровски, на видео-конференцијата, ЕУ-Западен Балкан, во организација на тинк тенкот „Пријатели на Европа“ потсети дека економската асоцијација не може да биде алтернатива на целосното зачленување во Унијата. Тој ги повика соседите - членки на ЕУ да ја искористат можноста што им претстои и да ја заврстат европската стабилност.

„На земјите од Западен Балкан не им треба поинаков пристап, ниту од Брисел, ниту од регионалните играчи кои пред многу години беа декларирани како еурофили затоа што ние имаме чист патоказ во евроинтегративниот процес кој е целосно вметнат во новата методологија за проширување. Сите знаат, особено ние кои живееме во регионот, дека економската интеграција, сама по себе, не е доволна ако не е проследена и со политичка интеграција. Според мене, клучно е двата процеса да се неделиви и затоа треба да се движат паралелно. Нашиот регион не треба да биде третиран како европско соседство и негативен развој макар и во една земја може да има негативно влијание врз целиот регион. Важни во оваа ситуација се земјите-членки на Унијата кои се наши соседи – во овој период од годината тие имаат уникатна можност да се позиционираат како контрибутори во целокупната европска стабилност и просперитет“ рече претседателот Стево Пендаровски.