Кој сѐ ќе биде дел од кабинетот на Џо Бајден?

Утре се очекува новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да ги објави имињата на првите членови на неговиот кабинет, меѓу нив е поранешниот заменик државен секретар Ентони Блинкен како негов избор за Стејт Департментот.

Блинкен има бликси врски со Бајден откако служеше на високи позиции за национална безбедност додека Бајден беше потпретседател за време на администрацијата на Обама. За неговата веројатна номинација информираа повеќе новински агенции.

Меѓу другите имиња кои се очекува да бидат објавени е и Линда Томас – Гринфилд, поранешна помошничка државна секретарка задолжена за Африка, како предлог за амбасадор во Обединетите Нации.

Џејк Суливан би требал да биде советник за национална безбедност на претседателот.

Додека Бајден се подготвува да стане 46-от претседател по инаугурацијата на 20-ти јануари, Трамп одбива да ги признае изборите. Во неделата актуелниот американски претседател на Твитер напиша „Ќе најдеме големи бројки на лажни гласачки ливчиња, борете се силно, Републиканци.“

Но, правната битка на Трамп досега е без резултат, неговиот штаб изгуби или повлече 34 тужби во кои се тврдење дека има измами при гласањето или при броењето на гласовите во клучните сојузни држави каде Бајден е проектиран како победник.

Трамп не го промени резултат во ниту една држава, со што неофицијалниот сооднос во Изборниот колеџ останува 306 наспорти 232 во во корист на Бајден.