Бидејќи САД, досега се покажаа како големи пријатели на Северна Македонија, од нејзиното осамостојување, па се до членството во НАТО, овие американски избори се многу важни и за земјава, сметаат луѓе од различни општествени профили. Американската помош на сите полиња досега e исклучително значајна, па затоа велат е многу важно истото тоа да продолжи, без разлика која администрација ќе биде на власт во САД.
„Изборите во САД ќе влијаат во Македонија и посебно во регионот, знаејќи дека во Македонија се очекуваат два големи бранови. Првиот е општиот со пандемијата од Ковид 19,во кој што знаеме дека Америка, како една од најголемите технолошки и фармацевски индустрии,б и требало позитивно да влијае целата оваа пандемија да се заврши успешно. И вториот бран се очекуваните преговори со Бугарија, каде САД сигурно би имале удел и би влијаеле позитивно низ целиот овој процес“ вели универзитетскиот професор Агим Пошка.
За Сефер Цаноски, не само политичкото присуство на САД е
важно за земјава, туку и нивната помош во унапредувањето на квалитетот на домашното пред се високо образование.
„Ќе го земам на пример нашиот универзитет ФОН,кој во изминатиот период го промени името во American university of Europe, со што го имплементиравме најдобриот систем на високо образование,во партнерство со еден од универзитетите во САД, Мајами, Охајо.Процесот на европеизација, процесот на независно судство и правда, како и ограничениот број на природни ресурси, како и последиците од Ковид 19, со и онака веќе кревката економија.Во сите овие процеси нашата земја секогаш ќе има потреба од подршка од својот најважен и најголем стратешки партнер“ вели Сефер Цаноски, претседател на Американски Универзитет во Европа (ФОН).
И од туристичкиот сектор се надеваат дека после овие избори во САД, ќе се отвори можност за поголемо присуство на американски туристи во земјава.
„Американскиот туристички пазар е голема можност за нас како туристички сектор, да го зголемиме квалитетот и промоцијата на овој пазар, со што би привлекле поголем број гости од оваа држава, кои се едни од најквалитетните гости во светот. Овие избори се и можност, да ја подобриме туристичката соработка, со нашиот најголем сојузник Америка“ изјави Филип Стефаноски, туристички работник од Охрид.
САД изминатите години се сериозен партнер и на граѓанскиот сектор.
„Како граѓански активист ќе кажам, дека овие избори се исто така значајни, заради фактот што граѓанските организации имаат континуирано поддржувачи или донатори во САД кои што ги подржуваат особено проектите, кои се насочени кон развојот на демократските процеси, човековите права“ вели Убавка Јаневска, новинар и извршен директор на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.
И од лекарската фела велат дека САД, се значаен помагач на
македонското здравство. Очекуваат тоа да продолжи и после изборите.
„И ние како лекари во сите овие случувања, следиме колку што може да се следат сите тие случувања, тие избори во Америка. Но поддршка ни треба. Особено од Америка ни треба. Начини на лекување, кои средства ги користат, како тие ја поминуваат целата оваа криза, кои методи, различни пристапи. Го читам светот, секојдневно што излегува за вакцинација“ вели Горан Балев, лекар и директор на општа болница Охрид.