Еден од жртвите на терористичкиот напад во Виена е од струшко Велешта

Your browser doesn’t support HTML5

Една од жртвите на терористичкиот напад во Виена, Австрија е и дваесет и едно годишниот Неџип Вранези од струшкото село Велешта. Тој бил роден во Виена, каде заедно со своите родители живеел, се образувал, па дури и доброволно служел и војска. Имал австриско државјанство.