Протести во Филаделфија откако полицијата застрела Афроамериканец

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Филаделфија втора вечер по ред откако полицијата фатално застрела Афроамериканец.

Ова е најнов инцидент во кој полицијата употреби смртоносна сила кон Афроамериканец.

Случаен минувач го снимил инцидентот и го постирал на социјалните мрежи.

Околу 500 луѓе се собраа во парк во западниот дел од Филаделфија и маршираа низ соседството.

На другиот крај на градот луѓе влегуваа во продавници и крадеа.

Пукањето се случи во понеделникот откако семејството на 27 годишниот Волтер Валас повикало итна помош за него. Тие велат дека тој имал криза на ментално здравје. Властите велат дека Валас држел нож и ги игнорирал наредбите на полицијата да го фрли.

Семејството на Валас преку адвокатите соопшти дека тие не побарале полициска интервенција.

Родителите на Валас велат дека полицајците знаеле дека нивниот син има нарушено ментално здравје бидејќи во понеделникот биле во нивниот дом три пати. Не е познато дали полицајците кои пукале во Влас биле информирани за претходни интервенции.