Еден од петмина заболени е со симптоми, 85 отсто од починатите биле хронично болни

Нови одделенија за заболенитеод Ковид - 19 и дополнителни капацитети за тестирање - одговор на силниот бран на вирусот. Се бара решение за тестирањата во приватните клиники да ги покрие Фондот. Владата денеска треба да одобри набавка на лекот „Ремдесивир“

СКОПЈЕ - Еден од петмина заболени од коронавирус има симптоми, четворица од сто заболени треба да се хоспитализираат а еден од сто заболени ќе заврши на респиратор, покажуваат анализите и статискитиките на податоците и бројките со кои располага Комисијата за заразни болести.

„Просечно 80 отсто од сите регистрирани случаи се асимптоматски или со многу лесна клиничка слика. Меѓу 12 и 14 отсто имаат лесна клиничка слика со лесно изразени симптоми: температура, слабост, малаксаност, течење на нос и тие трева да останат дома и да примаат терапија. Меѓу два и четири отсто од заболените имаат тека слика - воспалиени и мора да се хоспитализираат а само еден процент од заболените завршува на респираот“, изјави епидемиологот д-р Жарко Караџовски од Комисијат за заразни болести.

Вчера беше најцрниот ден од почетокот на епидемијата во Северна Македонија и само во едно деноноќие 22 пациенти ја загубија битката со вирусот. Бројките на новозаболени никако да паднат под 500 денвно, но и на починатите да паднат и да бидат барем едноцифрени. Досега се регистрирани 919 смртни случаи.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека 85 проценти од починатите биле со претходна тешка и хронична болест а коронавирусот дополнително ја искломликувал нивната здравствена состојба.

„Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време. Над 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат коморбидитети. Сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во болницата со веќе многу тешка манифестација на болеста“, рече Филипче.

Вториот бран на епидемијата која рапидно се шири низ Северна Македонија забрзано ги полни болничките капацитети и го отповарува задравстевиот систем. Во некои градови клиниките се веќе полни и заболените од коронавирус се испраќаат онаму каде што има кревет. Целосно исполнети се инфективните одделенија во Куманово и Штип а пациенти се праќаат во болниците во Скопје и Кочани.

Надлежните во трка со времето, откако проектот за 16 регионални модуларни болници наменети за пациенти со тешка форма на Ковид - 19 пропадна.

Во Градската болница „8 септември“ ќе се обезбедат дополнителни две одделение, се зголемуваат и капацитетитте во Детската болница во Козле која официјално е втор Ковид центар во државата.

„Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, во болницата во Козле - 40 кревети за кои има кадар кој таму може да работи, зајакнат со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“, со кадарот кој таму работи и до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Во болницата во Струмица во текот на овие следни два-три дена ќе се обезбеди целосно функционирање на новиот крак, каде има практично и централен довод на кислород и тука ќе може да бидат сместени вкупно 100 пациенти, во моментов има 20-тина на инфективниот оддел и околу 15 на одделот за интерни болести“, рече министерот Филипче.

Интерните одделенија во болниците во Битола и Прилеп ќе се пренаменат за хоспитализација на пациенти заболени од Ковид - 19 а засега стабилна е состојбата само во Гостивар и Тетово каде капацитетите не се исполнети ниту до половина.

Сепак клучното, лекари и медицински тимови нема а и тие што работат веќе се на границата на издржливост.

„Здравствениот систем трпи, но здравствениот систем има можност да ги растегне клиничките капацитети и во делот од новите интернистички одделенија кои ќе се отворат. Од тука е и нашиот апел до граѓаните да ги почитуваме мерките и да имаме разбирање за здравстевните работници. Тие се тие и немаме други со кои што ќе направиме замена. Почитувајќи се себе си, ги почитувате и вашите семејства, ги почитувате здаравствените работници и го почитуваме системот. Ние финасиски ќе издржиме. Прашање е кога здравствените работници ќе паднат. Ние нема да го дозволиме тоа. До последни капки од нас ние ќе работиме“, рече првиот епидемилог во дрѓавата Караџовски.

За 350 теста дневно ќе се зголеми и капацитетот на државните лаборатории за да моѓе да се стигне до бројката од две илјади тестиорања дневно во дрѓавното здравство.

„На дневно ниво 150 повеќе во Институтот за јавно здравје, 100 односно двојно повеќе во Центарот за јавно здравје, што го обезбедуваме со лекар микробиолог што ќе работи втора смена и 100 во лабораторијата во болницата Козле“, позјасни Филипче и додаде дека ќе се отвори пункт за тестирање во населбат Ѓорче Петров.

Дали тоа ќе го реши проблемот со чекањето останува да се види. Граѓаните чекаат и по неколку дена за да се тестираат или пак се приморани да одат во друг град каде што има слободен термин па затоа одат и се тестираат приватно а цената на тестовите е 4.000 денари.

Токму затоа ќе се преговара со приватните Клиники и лаборатории лиценцирани за тестирање да ја прифатат рефренетната цена од1.850 денари за молекуларно ПЦР тестирање за корона вирус.

Министерот Филипче соопшти дека на денешната седница на Владата е ставена информација со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со Европската Унија за набавка на лекот „Ремдесивир“ и освен преку СЗО од следниот период дабиде достапен и преку оваа набавка.

Утре во Собранието, по скратена постапка, пратениците ќе треба да гасаат за измените во Законот за заштита од заразни болести кој предвидува поголеми ингеренции на инспекциските служби, повисоки казни, забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворено како и задолжително носење на заштитна маска на отворено.

Филипче повторно побара пратениците да не должат и да ги усвојат измените кои се еден вид на имитација на полицискиот час и нагласи дека тоа е последниот чекор и доколку не даде резултати ќе мора да се прибегне кон ограничување на движење и целосно затварање.