За прв пат, американскиот претседател Доналд Трамп предлага одложување на годинашните претседателски избори.
Во денешната порака на Твитер, Трамп тврди без докази дека гласањето по пошта на претседателските избори во 2020 година може да доведе до измами.
Американскиот претседател додаде: „ќе биде голем срам за САД. Одложете ги изборите додека луѓето не можат прописно и безбедно да гласаат ??? “
[[https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1288818160389558273?s=20]]
Претседателот нема моќ да ги одложи изборите, што треба да се одржат на трети ноември. Датумот го одредува Конгресот според Уставот на САД.
За време на расправа на Капитол Хил, државниот секретар Мајк Помпео беше запрашан од сенаторот Тим Каин од Вирџинија за пораката на Твитер на Трамп.
Помпео рече дека не сака да изнесе правна оценка околу тоа дали е можно да се одложат изборите, но „на крајот, Одделот за правда и другите ќе ја донесат таа правна одлука“.
„Нема да има одложување“ на претседателските избори оваа година, објави во порака на Твитер конгресменот Родни Дејвис од Илиноис.
Пораката на Трамп на Твитер брзо предизвика двопартиска осуда.
Ова не е идеја на некој, особено на претседателот, која треба да биде во оптек, рече Ари Флечер, кој беше секретар за печатот на Белата куќа во администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, републиканец.
„Јас брзо би ја избришал оваа порака на Твитер“, ако тој беше претседател, рече Флечер.
Демократскиот сенатор Том Удал од Ново Мексико рече дека фактот кој претседателот го „посочува е сериозен, застрашувачки напад врз демократскиот процес.“