СКОПЈЕ - Државаната изборна комисија (ДИК) ги соопшти конечните официјални резултати од предвремените парламнетарни избори десет дена по нивното одржување, откако тие а потоа и Управниот суд ги одбија сите приговори на политичките партии кои учествуваа во изборнмиот процес.
Бројките се исти и со нефоицијалните кои беа веќе соопштени - Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ - 44 мандати, ДУИ - 15 мандати, Каолицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива - 12 мандати, Левица два и ДПА еден мандат.
„СДСМ и коалицијата освоиле 327.329 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, , ДУИ - 104.699 гласови, Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 81.827 гласа, Левица доби 37.426 гласа и ДПА 13.930 гласа“, соопшти ОливерДерковски претседател на ДИК.
Гледано по изборни единици, во првата (ИЕ 1) Коалицијата „Можеме“ освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник.
Во ИЕ2, Коалицијата „Можеме“ и ВМРО - ДПМНЕ освоија по седум мандати, ДУИ три, Алијанса за албанците и Алтернатива три пратеници.
Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, Коалицијата „Можеме“ девет и Левица еден пратеник.
Во четвратата изборна единица Колаицијата „Можеме“ и ВМРО - ДПМНЕ освоија по 10 мандати. Во ИЕ5Коалицијата „Можеме“ и ВМРО - ДПМНЕ освоија по осум пратеници, ДУИ три, и Алијанса за Албанците и Алтернатива еден пратеник. Во шестата изборна единица ДУИ освои седум мандати, Алијанса за Албанците и Алтернативашест мандати, Коалицијата „Можеме“ четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник.
По соопштувањето на резултатите беше закажана и свечената седница на која им беа доделени уверенијата на идните пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Партиите Левица, ДПА и Алијанса за Албанцитего бојкотираа доделувањето и не испратија свој претставник на свеченоста.
Во име на Коалиција „Можеме“, уверенијата ги подигнаБранко Георгиевски кој се заблагодари на сите што учествуваа во овој изборен процес.
„Конечно дојдовме и до денот кога денеска веројатно јас не следев, но по моите сознанија ДИК прогласи конечност на резултатите. Поради пандемијата одлучивме на ваков начин да ги подигнеме уверенијата на коалицијата „Можеме“. Благодарам на сите што учествуваа во овој изборен процес, на ДИК и на сите органи и секако и вас медиумите. Ви благодарам на сите и благодарност уште еднаш до ДИК и на сите учесници во изборниот процес“, изјави Георгиевски.
На дел од пратениците од ВМРО - ДПМНЕ, претседателот Дерковски лично им ги подигна уверенијата а за останатите ги подигна генералниот секретар Игор Јанушев.
„Очекуваме дека во следниот период, а секако во законски предвидените рокови дека ќе не повикаат и на конститутивната седница на Собранието. Би сакал уште еднаш да се заблагодарам на буквално сите коишто го дадоа својот глас за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“. Она што имавме прилика да го видиме на изборите е дека и покрај сите неправилности, поткупи и се она што се случуваше особено во текот на пред кампањата и во кампањата дека сепак опозициските партии успеаја да освојат повеќе гласови од владејачката структура“, изјави Јанушев.
Претставник на ДУИ беше Фитин Лога, којна идните пратеници им посака успешна работа.
„Јас како овластен претставник на ДУИ денеска ги подигам уверенијата за сите наши пратеници од изборите одржани на 15 јули. На сите им посакувам успешна работа. Изборниот процес беше во ред, ние немавме никакви забелешки, така што на сите пратеници им честитам“, изјави Лога.
Преговорите околу составување на парламентарното мнозинство се во полн ек. И СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ се обидуваат да издејствуваат доволен број на пратеници за да може да го добијат мандатот од претседателот Стево Пендаровски.
Според Уставот, Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, најдоцна до 4 август.
По конституирањето на Парламентот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.