Тимот „Redskins“ односно „Црвенокожци“ го менува името и логото

Your browser doesn’t support HTML5

Американскиот фудбалски тим базиран во главниот град Вашингтон донесе конечна одлука да ги смени името и логото.
Американскиот фудбалски тим базиран во главниот град Вашингтон донесе конечна одлука да ги смени името и логото. Ова следуваше по зголемениот притисок од јавноста и откако дел од спонзорите најавија дека ќе го повлечат финансирањето.

Промената беше децениско барање на домородните Американци кои сметаат дека името и симболите кои ги користеше тимот се расистички и дискриминирачки.

Засега не се соопштува кое ќе биде новото име на тимот кој е меѓу најскапите светски спортски клубови со проценета вредност од 3 милијарди долари.
„Redskins“ односно „Црвенокожци“ го користеа ова име 87 години и со него освоија пет шампионски титули.