Случај „Рекет“: Седум години затвор за Катица Јанева, Јовановски осуден на девет

Your browser doesn’t support HTML5

Девет години затвор за Бојан Јовановски – „Боки 13“ и седум години затвор за екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Виновни се бидејќи го рекетирале осомничениот во истрагата „Имеприја“ за да му ја олеснат положбата и му зеле 1,5 милиони евра. Судот пресуди. Девет години затвор за Бојан Јовановски – „Боки 13“ и седум години затвор за екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, која не беше присутна во салата на Врховниот суд на изрекувањето на казните. Јовановски се товареше за две дела, примање на награда и перње на пари а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања.